Челси

Официјално: Челси го потврди ангажманот на Вернер

Челси соопшти дека го договориле трансферот на Тимо Вернер кој откако ќе ги помине медицинските тестови ќе стави потпис на петгодишен договор со лондонскиот клуб. 

Челси и дефинитивно ја доби траката по услугите на Тимо Вернер. Тоа што се најавуваше сега е и официјално потврдено од клубот.
 
„Челси постигна договор со РБ Лајпциг за ангажман на Тимо Вернер. 24-годишниот фудбалер ги договори личните услови со Сините и ќе остане во германскиот клуб до крајот на сезоната во Бундеслигата. Тука ќе дојде во јули кога ќе ги помине медицинските прегледи“, стои во соопштението на Челси.
 
Тимо Вернер одлучи да не ја доигра сезоната со Лајпциг во Лигата на шампионите, тој нема да оди во Лисабон, ќе се пресели во Лондон веднаш по завршувањето на германското првенство.
 
„Пресреќен сум што потпишувам за Челси, ова е многу горд момент за мене што одам во така голем клуб. Се разбира сакам да му заблагодарам на РБ Лајпциг, на клубот и фановите за фантастичните четири години. Засекогаш ќе останете во моето срце. Сега гледам напред кон следната сезона со моите нови соиграчи, мојот нов тренер и се разбира фановите на Челси. Заедно може да имаме многу успешна иднина пред нас“, изјави Вернер за официјалниот сајт на Челси.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе