ФФМ донесе одлука

Официјално: Благоја Милевски е нов селектор на Македонија!

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека Благоја Милевски ќе го наследи Игор Ангеловски на кормилото на сениорската репрезентација на Македонија.

Благоја Милевски од 1. август ќе биде нов селектор на Македонија, ФФМ попладнево ги потврди гласините кои кружеа изминативе денови.

Тој ќе го наследи Игор Ангеловски, кој по пет ипол години на кормилото на „црвено-жолтите“ и историски настап на Европско првенство, заминува од позицијата на крајот од следниот месец, кога му завршува договорот.

„Визијата за нашата фудбалска иднина со Благоја Милевски на местото селектор на македонската А репрезентација е кристално јасна. Тој е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и уверени сме дека тој пат мора да продолжи“ – вели првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

„Му даваме доверба на Благоја Милевски да ја предводи македонската А репрезентација поради неговиот карактер, работната етика и човечките квалитети. Тој е тренер кој става личен печат на тимовите кои ги предводи и човек со дисциплина и исклучителна ментална сила“.

„Македонската А репрезентација ќе ја предводи селекторот Благоја Милевски кој ја создаде златната генерација македонски фудбалери која беше меѓу 12-те најдобри селекции во Европа и фудбалери кои веќе неколку години се дел од нашиот најдобар национален тим“.

„Веруваме во квалитетите на Благоја Милевски и убедени сме дека ќе продолжи со успех да ја предводи и А репрезентацијата. Уште повеќе затоа што на секоја разумна и личност со вистински вредности му докажа каков човек е и каков тренер е“.

ФФМ исто така донесе одлука Драган Канатларовски да го наследи Благоја Милевски за селектор на македонската репрезентација до 21 година.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе