Не го преживеа Рајо Ваљекано

Официјално: Барселона му врачи отказ на Куман

Роналд Куман не го преживеа поразот од Рајо Ваљекано, раководството на Барселона вечерва му даде отказ на Холанѓанецот. 

Столчето на Куман се тресеше веќе некое време, поразот од Рајо Ваљекано ја прели чашата кај Жоан Лапорта кој го отпушти холандскиот стратег.
 
„ФК Барселона го ослободи Роналд Куман од должностите кон првиот тим. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта го информираше него за одлуката по поразот од Рајо Ваљекано. Роналд Куман утре ќе се збогува од тимот. Барселона му се заблагодарува за неговите услуги во клубот и му посакува се најдобро во професионалната кариера“, се вели во соопштението на Барселона.
 
Допринос за отказот на Куман даде и нашиот Столе Димитриевски кој му одбрани пенал на Депај и помогна Барселона да биде поразена.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе