Баерн Минхен

Официјално: Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Сане

Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Лирој Сане од Манчестер Сити за сума од 60 милиони евра, фудбалерот потпиша петгодишен договор. 

„Баерн Минхен потпиша со Лирој Сане од Манчестер Сити, германски репрезентативец од 2016 година. 24-годишниот фудбалер стави потпис на петгодишен договор со трајност до 30 јуни 2025 и од следната недела во Минхен ќе ги почне подготовките за наредната сезона“, стои во соопштението на Баерн Минхен.
 
Сане е среќен што ќе го носи дресот на Баерн Минхен, вели дека не може да дочека да почне со работа.
 
„Баерн Минхен е голем клуб со големи цели и тие цели ми одговараат. Гледам напред кон нови предизвици и не можам да дочекам да почнам да тренирам. Го знам тренерот Ханси Флик од репрезентацијата до 21 година, имавме таму многу добар однос. Сакам да освојам колку што е можно повее трофеи со Баерн и Лигата на шампионите е приоритет број еден“, вели Сане.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе