За нешто помалку од еден час, Македонија ќе излезе на мегдан со Исланд, победа за „црвено-жолтите“ значи продолжување на мундијалскиот сон и бараж за настап на СП 2022.
Благоја Милевски трите бода ќе ги брка со 4-4-2 формација и една измена во составот, Стефан Ристовски се враќа на местото на Стефан Ашковски.
На голот е Димитриевски, во одбраната се Стефан Ристовски, Муслиу, Велковски и Алиоски. Во срцето на средниот ред се Барди и Костадиновски, Елмас и Чурлинов се поставени по крилните позиции а во нападот се Трајковски и Милан Ристовски.