„Ѓаволите“ внимателно ја следат ситуацијата на лутиот градски ривал

Одмазда за трансферот на Тевез, Манчестер јунајтед го краде Стерлинг од Манчестер Сити?!

Рахим Стерлинг се поврзува со сензационален трансфер на Олд Трафорд, наводно Манчестер јунајтед ќе тргне по Англичанецот доколку Судот за спортска арбитража ја потврди забраната за настап во Лигата на шампиони од две години за Манчестер Сити.

Подолго време се шпекулира дека Џејдон Санчо е фудбалерот кој Оле Гунар Солшер го посакува како засилување на нападот, но синоќа низ медиумите од „островото“ проструи информација за сензационален трансфер.

Наводно Манчестер јунајтед е подготвен да го украде Рахим Стерлинг од редовите на лутиот градски ривал Манчестер Сити.

„Граѓаните“ добија санкција од УЕФА и доколку две години не играат во Лигата на шампиони, големи се шансите најдобрите играчи да си заминат.

Шпекулациите велат дека ако Судот за спортска арбитража ја потврди забраната, и ако Рахим Стерлинг биде достапен, тогаш Англичанецот ќе се најде „многу високо“ на листата со желби во Манчестер јунајтед.

Сепак, тешко за верување дека ќе се случи еден ваков трансфер, тоа се потенцира и во сторијата на весникот Индипенден, од каде потекнува оргиналниот натпис и се посочува дека Реал Мадрид е пореална опција доколку Рахим Стерлинг го напушти Манчестер Сити.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе