У21 квалификации за ЕП 2021

Одложен е натпреварот помеѓу Фарски Острови и Македонија, новиот термин е јуни следната година

Македонија попладнево нема да ги одмери силите со Фарски Острови, УЕФА не даде зелено светло поради замрзнатиот терен во Торшавн и го одложи мечот за јуни следната година.

„Црвено-жолтите“ во рамките на 5. коло од квалификациите за Европското првенство гостуваа кај Фарски Острови, но уште вчера пристигна информација дека мечот е под голем знак прашалник.

Проблем беа лошите услови и замрзнатиот терен. Утрово делегатот и луѓето од УЕФА направија нова инспекција, констактирале дека нема услови за фудбал па натпреварот мораше да биде одложен.

Новиот термин за дуелот е јуни следната година, тогаш има простор да се вметне мечот. Со ова, младата репрезентација на Македонија ја завршува 2019 со две победи, реми и пораз од актуелниот шампион Шпанија. „Црвената фурија“ е главен кандидат за првото место во групата, а ибраниците на Благоја Милевски шанса за пласман на Европското првенство ќе бараат како најдобро второпласирана репрезенација, клучен ќе биде двомечот со Израел во март.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе