Премиерлига

Одложен е натпреварот меѓу Тотнем и Фулам

Мечот меѓу Тотнем и Фулам нема да се одигра поради позитивни случаи на коронавирус во тимот од Кревин Котиџ. 

Иако уште синоќа се знаеше дека во Фулам има неколку позитивни случаи на коронавирус, мечот се одлучи дури на неколку часа пред неговиот почеток.
 
Тоа е вториот одложен натпревар од ова коло, претходно истото се случи и со дуелот меѓу Евертон и Манчестер Сити.
 
На 4. декември беше одложен и мечот меѓу Њукасл и Астон Вила, па досега вкупно три натпревари од Премиерлигата се одложени поради коронавирус.
 
Шефилд јунајтед соопшти дека имаат рекорден број на случаи од коронавирус, но тие го одиграа нивниот гостински натпревар против Барнли.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе