СЕХА лига

Одлично деби на Еурофарм Работник во СЕХА лигата, моќна победа над Спартак Москва

Еурофарм Работник со убедлива победа од пет голови разлика над Спартак Москва дебитираше во СЕХА лигата, натпреварот во Битола заврши со 34:29 за македонскиот вицешампион.

Еурофарм Работник одигра одличен меч против Спартак Москва иако не стартуваше најдобро. Битолскиот клуб покажа дека заслужено се наоѓа во регионалното натпреварување.
 
Почетокот на мечот беше лош, работите не се одвиваа најдобро за Еурофарм на стартот, Спартак постојано водеше а во 16. минута имаа предност и од 10:5. Тогаш почна серијата на Работник од 7:1 со која направија комплетен пресврт и поведоа со 12:11. На одморот заминаа со водство од 15:13.
 
Во вториот дел битолскиот тим немаше осцилации, целото полувреме го одигра моќно, имаше предност и од највисоки седум голови разлика, а конечниот резултат гласеше 34:29.
 
Стјепановиќ со десет голови беше најдобриот ракометар на Еурофарм Работник, пет пати реализираше Вегар. Десет одбрани имаше Никола Митревски. Кај Спартак Москва најефикасен беше поранешниот Вардарец, Александар Деревен со осум постигнати гола.
 
Следниот натпревар во СЕХА лигата Еурофарм Работник го игра дури на 23. септември кога го пречекува тимот на Металопластика.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе