Премиерлига

Одлична партија, Лидс и Алиоски славеа со 1-3 кај Лестер (ВИДЕО)

Лидс и Езгјан Алиоски си заминаа со три бода од гостувањето кај Лестер, „белите" стигнаа до триумф од 1-3 на „Кинг Пауер" стадионот.

Лестер во 7. коло го совлада Лидс со 1-4, но наместо двојна победа за „лисиците“, Марсело Биелса вечерва му врати на Брендан Роџерс мило за драго.

Лидс одигра одлично на „Кинг Пауер“ стадионот и си замина со три бода и триумф од 1-3.

Барнс ги донесе домаќините во предност од 1-0 во 13. минута, но само 120 секунди подоцна, Далас изедначи на 1-1.

Во продолжението од мечот на сцена стапи Бамфорд, кој прекрасно погоди за 1-2 во 70. минута, а потоа несебично го проигра Харисон за 1-3 во 84. минута.

Нашиот Езгјан Алиоски одигра 90 минути.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе