Парите ги потрошил на забави и дрога

Од врвот до дното: Играл со Роналдо во Интер, сега е пекар и сечач на дрва (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер Фабио Мачелари, кој има настапувано за Лече, Каљари и Болоња, а една сезона играше крај Роналдо и останатите ѕвезди на Интер од 2000/01, раскажа како го допрел дното и како сите пари ги потрошил на забави и дрога.

Во фудбалот се вратат милионски суми, но и покрај тоа има многу случаеви на фудбалери кои целата заработка ја потрошиле на бурен живот. Својата приказна сега ја раскажа Италијанецот Фабио Мачелари, кој во својата кариера има настапувано за клубови како Лече, Каљари и Болоња, а една сезона беше дел од Интер и играше крај Роналдо и другите ѕвезди на „нероаѕурите“ во 2000/01. 

„Толку многу се забавував што на обичен човек му се потребни четири животи за да се забавува колку што се забавував јас во тие години. Но тоа ме чинеше скапо. Се отиде во вода, и парите и кариерата. Доколку би можел да се вратам во минатото, без да размислувам би променил одредени работи“ - откри Фабио Мачелари во гостување во емисија на Спортмедиасет. 

„Кога сте млад, не сфаќате колку имате среќа бидејќи заработувате многу пари. Убавиот живот кој го живеат инфлуинсерите денеска, таков живот живеев јас. Секогаш бев главен во диско, секогаш трошев многу пари. Но кога ќе престанете да играте, брзо пресушуваат парите за таков живот. Користев и дрога и тоа ме донесе до дното“. 

„За среќа имав поддршка од семејството, од саканите и почнав да работам. Или ќе го сторите тоа, или ќе умрете“. 

Фабио Мачeлaри сега работи во пекара, а кога парите не стигаат, сече дрва во планина. 

„Сега сум пекар и дрвосечач. Пекарата не е моја, работам таму со пријателите. Кога парите не стигнуваат, се качувам на трактор и одам во планина да сечам дрва“.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе