Пријателски натпревар

Од утре во продажба билетите за натпреварот Македонија - Словенија

Фудбалската федерација на Македонија преку МК Тикетс, официјалниот партнер за продажба на билети, од сабота, 29. мај започнува со продажба на билети за пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Словенија кој ќе се одигра на 1. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

„Влезниците чинат 300. денари за јужната трибина и 200 денари за источната трибина од Националната арена „Тодор Проески“.
 
Капацитетот на Националаната арена е ограничен на 30 %.
 
Строгите здравствени ограничувања и протоколите на УЕФА за заштита од Ковид-19 се причините поради кои на северната трибина ќе биде дозволено присуство само на лица од двете репрезентации, лица од ВИП секторот и службата за организација на натпреварот.
 
Фудбалската федерација на Македонија билетите од западната трибина ќе ги распредели за верните навивачи на Македонија од навивачките групи кои покажаа интерес за присуство на натпреварот.
 
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и да им бидат поддршка на „Рисовите“ за натпреварите од ЕУРО 2020“, се вели во соопштението на ФФМ.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе