Малдини и Бобан биле импресионирани од Македонецот

Од Турција најавуваат трансфер бомба, Милан сериозно загризал за Елмас и подготвува 30 милиони евра

Неколку весници од Турција пишуваат за трансфер бомба, директорите на Милан, Звонимир Бобан и Паоло Малдини му удриле мерак на Елиф Елмас, сакаат да го донесат на Сан Сиро и за оваа цел имаат подготвено 30 милиони евра.

Елиф Елмас изминатово лето направи богат трансфер во Серија А, Наполи ја доби битката за „дијамантот“ откако на Фенербахче му плати 16 милиони евра, а зделката може да се зголеми за додатни 3 милиони евра.

Македонецот одлично се адаптираше на Калчото, брзо ги воодушеви Италијаните со своите игри и зрелоста која ја покажува на теренот и покрај тоа што има само 20 години.

Неговите добри изданија не поминуваат незабележани, неколку весници од Турција пишуваат дека Елиф Елмас ги импресионирал директорите на Милан, Звонимир Бобан и Паоло Малдини. Тие сакаат да го донесат Македонецот на Сан Сиро, нема да штедат и подготвуваат 30 милиони евра за неговите услуги.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе