Од следната недела до 10.000 навивачи на стадионите во Англија

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека од 17 мај на стадионите ќе можат да присуствуваат до 10.000 навивачи.

Фото: ФИФА

Ова значи дека, меѓу другото, навивачите ќе можат да присуствуваат на натпреварите од последните две кола во Премиерлигата, кои ќе се играат на 18 и 19, односно 23 мај, објави Би-би-си.

Последен пат навивачите присуствуваа на натпреварите во Англија во декември минатата година, а потоа следуваше ново затворање, поради пандемијата на коронавирусот.

Билјардот беше првиот спорт во Велика Британија што им овозможи на 980 навивачи да присуствуваат на финалето на Светското првенство минатата недела во Шефилд.

На помалите стадиони ќе бидат дозволени до 4.000 луѓе или 50 проценти од капацитетот, додека 1.000 гледачи или 50 проценти од капацитетот ќе бидат дозволени во затворените сали.

Британската влада се надева дека до зголемување на бројот на гледачите ќе дојде од 21 јуни, кога се очекува дополнително укинување на ограничувањата.

Претходно беше одржа „пробен“ настан во финалето на Купот на фудбалската лига помеѓу Тотнем и Манчестер Сити, кога на Вембли имаше 4.000 навивачи, сѐ со цел да се тестира безбедно враќање на публиката на натпреварите.

Викендов, 21.000 навивачи ќе присуствуваат на финалето на Фа Купот помеѓу Челси и Лестер, во уште еден „пробен“ настан.

Легенда под Главна слика

Фото: ФИФА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе