„Бјанконерите“ работат на две сценарија

Од Роналдо зависи какви играчи Јувентус ќе купи летоска

Според пишувањата на Тутоспорт, трансфер пазарот на Јувентус ќе зависи од иднината на Кристијано Роналдо и дали тој ќе замине или ќе остане во Торино.

По елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампиони, имаше многу гласини за заминување на Кристијано Роналдо од Торино. Проблем е неговата плата од 30 милиони евра за која Јувентус извдојуав уште речиси толку на име на даноци.

Според пишувањата на Тутоспорт, од иднината на ЦР7 зависи и настапот на трансфер пазарот. Спортскиот директор Фабио Паратичи работи на две сценарија, односно кои играчи би биле купен во случај Кристијано Роналдо да остане, и кои фудбалери би биле ангажирани доколку Португалецот замине.

При првото сценарио, Јувентус нема да има многу пари за трошење па ќе се обиде да го донесе Аркадиуш Милик или Мемфис Депај како засилување за нападот. За средниот ред, ќе се избира помеѓу Жоржињо и Мануел Локатели.

Но доколку Кристијано Роналдо замине, Јувентус ќе тргне по звучни имиња, Мауро Икарди и Пол Погба ќе бидат главни трансфер цели.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе