ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР ВЕЛИ ДЕКА КАЗНАТА Е УСЛОВНА

Од Партизан тврдат: Ќе го платиме долгот, нема да има суспензија

Европската фудбалска федерација (УЕФА) му врачи суспензија на Партизан поради неисплатен долг, но генералниот директор на клубот, Милош Вазура тври дека имаат рок до крајот на месецот да го платат долготи казната да биде тргната.

Поради неплатен долг од 2,5 милиони евра, Партизан доби суспензија од УЕФА. Првичните информации велеа дека клубот добива три годишна забрана за настап во ЛШ или ЛЕ, но потоа беше прецизирано дека ќе биде суспендиран во првата сезона од наредните три во која ќе се квалификува за европските натпреварувања.
 
УЕФА се одлучи на ваква казна бидејќи клубот неколку пати веќе ги крши правилата за неплатени долгови во последните пет години.
 
Генералниот директор на Партизан, Милош Вазура тврди дека казната од УЕФА е условна и дека клубот има рок до крајот на месецот да ги плати долговите, тој вели дека станува збор за сума од 360.000 евра, а не 2,5 милиони.
 
„Во прашање е стар долг за кој веќе зборувавме. Ќе имаме проблеми само ако не платиме, а ќе платиме. Казнети сме, но условно. Гледам дека некои споменуваат сума од 2,5 милиони евра, но еве листовите се пред мене, станува збор за 360.000 евра“ - вели Вазура.
 

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе