Лапорта, Фонт или Фреиша

Од ова зависи и неговата иднина, Меси за првпат излезе да гласа за нов претседател на Барса (ФОТО и ВИДЕО)

Лео Меси за прв пат излезе да гласа за нов претседател на Барселона, Аргентинецот попладнево се појави на Камп Ноу и го даде својот глас за еден од Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреиша.

Барселона денеска избира нов претседател, изборите се многу важни за иднината на Лео Меси но и клубот, кој е во тешка финасиска криза поради пандемијата на ковид-19. Што се однесува од Аргентинецот, тој ги одработува последните месеци од договорот и во зависност од проектот што ќе му го понуди новиот претседател ќе одлучи дали ќе остане или ќе замине.

За тоа колку се важни изборите говори и фактот што Лео Mеси за прв пат излезе да гласа, напаѓачот попладнево се појави на Камп Ноу заедно со совјот син Тиаго.

Правото на глас го искористија уште неколку фудбалери како Жорди Алба, Серхио Бускетс, Серхи Роберто и Рики Пуч.

Жоан Лапорта е главен фаворит и се верува дека тој може да го убеди Лео Меси да продолжи на Камп Ноу.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе