Македонецот на „Сан Паоло“ до 2025 година

Од Наполи потврдија: Брзо ќе го финализираме новиот договор на Елмас

Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли потврди дека Елиф Елмас ќе ја продолжи верноста и наскоро ќе биде финализиран новиот договор на Македонецот.

Елиф Елмас минатото лето се пресели на „Сан Паоло“ и стана најскап македонски фудбалер откако Наполи за неговите услуги плати 16 милиони евра плус бонуси. 

Тој одлично се снаоѓа во својата прва сезона во Серија А, па Наполи реши уште сега да ја проодлжи соработката до 2025 година. 

„Работиме на новите договори на Елмас, Зелински, Максимовиќ, Марио Руи и Ди Лоренцо. Се надевам брзо ќе ги формализираме“ - вели спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли. 

Во моментов Елиф Елмас има плата од 1,3 милиони евра, која треба да расте за по 100.000 евра секоја наредна година. 

Останува да видиме какви ќе бидат условите од новиот договор, и дали Македонецот ќе добие откупна клаузула.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе