Шпанија ги откри адутите

Од најскап шпански фудбалер до вишок во репрезентацијата, Мората од дома ќе го гледа Светското првенство

Шпанија го објави конечниот список за мундијалот во Русија, селекторот Хулен Лопетеги го изостави Алваро Мората, кој пред помалку од една година стана најскапиот шпански фудбалер во историјата

„Црвената фурија“ попладнево го објави конечниот список за СП 2018. Хулен Лопетеги уште минатата недела требаше да ги соопшти имињата на играчите кои ќе патуваат за Русија, но селекторот на Шпанија реши да почека неколку дека со цел збогувањето на Андрес Иниеста од Барселона да биде главниот настан.

Стратегот мораше да донесе неколку тешки одлуки, и реши да не смета на најскапиот шпански фудбалер во историјата. За Алваро Мората нема место во тимот, исто како и за неговите соиграчи од Челси, Сеск Фабрегас и Маркос Алонсо.

Од комбинација отпаднаа и Серхи Роберто од Барселона и Ектор Бељерин од Арсенал, а шанса како десен бек добри Алваро Одриозола од Реал Сосиедад кој има одиграно само 180 минути во националниот дрес.

Конечниот список на Шпанија за СП 2018:

Голмани: Де Хеа, Кепа, Реина

Одбрана: Карвахал, Одриозола, Серхио Рамос, Начо, Пике, Азпиликета, Монреал, Жорди Алба

Среден ред: Иско, Асенсио, Лукас Вазкез, Бускетс, Иниеста, Коке, Саул, Тиаго, Давид Силва

Напад: Диего Коста, Родриго, Аспас

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе