Главоболки за Зизу пред дербито со Барселона

Од лоши, полоши вести за Зидан: Реал остана без Азар за „Ел Класико“, Марсело и да нема шанси, Бејл е неизвесен

Зинедин Зидан денеска доби неколку вести кои ќе му создадат главоболка, Еден Азар ќе паузира од четири до шест недели, Марсело ќе биде надвор од стројот најмалку две недели, а десетина дена ќе отсуствува и Герет Бејл.

Барселона ќе го пречека Реал Мадрид на 18. декември, но уште на десетина дена пред големото дерби, Зинедин Зидан има главоболки.

Еден Азар се повреди на дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите, во прв момент се веруваше дека не е ништо сериозно и дека играчот ќе отсуствува десетина дена. Но „кралевите“ денеска  соопштија дека деталните тестови покажале микрофрактура на скочниот зглоб и тој ќе  мора да паузира. Реал Мадрид не откри колку долго Белгиецот ќе биде надвор од стројот, но медиумите шпекулираат со временска рамка од четири до шест недели.

Повреда оваа недела заработи и левиот бек Марсело, медиумите пишуваат дека Бразилецот е речиси отпишан и мали се шансите за тој да се опорави на време за дуелот со Барселона.

Проблемите не застануваат тука, повреда има и Герет Бејл. Велшанецот сигурно ќе го пропушти дуелот со Еспањол како и пресметката со Бриж во Лигата на шампионите. За дуелот со Валенсија е неизвесен и најверојатно нема да се ризикува ништо за да му се даде шанса на фудбалерот да биде фит за гостувањето на Камп Ноу.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе