Куп на Шпанија

Од готово вересија, Барди и Леванте елиминирани од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Барди и Леванте се елиминирани од Купот на Шпанија и покрај тоа што на првиот натпревар на гости славеа со 1-2, вечерва пред своите фанови загубија од Еспањол со 0-2

Леванте беше на добар пат да се пласира помеѓу најдобрите осум екипи во Копа дел Реј откако минатата недела издвојува голема победа на гостувањето во Барселона кај Еспањол и славеше со 1-2.

Сепак, избраниците на Муњиз наместо вечерва само да го потврдат пласманот во четврт-финале, тие загубија со 0-2 пред своите фанови и доживеаја елиминација.

По една брза контра, Лео Баптистао го отвори резултатот во 14. минута, а по една катастрофална реакција на добраната, Жерард Морено погоди за 0-2 во 38. минута.

Леванте во вториот дел ја погоди пречката, но мрежата на гостите остана незатресена па Еспањол на крајот се радуваше на прогрес во следната рунда од Купот на Шпанија.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе