Оваа сезона не одигра ниту една минута во Премиерлигата

Од голман на Англија и Сити, Џо Харт сега нема клуб и моли: Дајте ми шанса, можам да понудам многу

Поранешниот голман на Манчестер Сити и Англија, Џо Харт моли некој клуб да му укаже шанса, 33 годишниот чувар на мрежата верува дека може да понуди многу доколку добие прилика.

Во 2016 година, Џо Харт играше полуфинале од Лигата на шампионите со Манчестер Сити, а со Англија настапи на Европското првенство. Но работите тргнаа низ брдо неколку месеци подоцна, кога Пеп Гвардиола го превзеде кормилото на „граѓаните“.

Шпанецот сакаше голман кој знае да игра со топката, па Џо Харт веднаш беше шкртнат и испратен на позајмица во Торино, а потоа следуваше нова позајмица во Вест Хем.

Во 2018, Џо Харт замина од Манчестер Сити на мала врата, беше продаден на Барнли за околу 3,5 милиони фунти, но наместо да си ја врати кариерата на прав пат, тој го допре дното. Оваа сезона нема ниту еден настап во Премиерлигата, а по ре-стартот на првенството, за голманот нема место ниту на клупата за резерви.

Неговиот договор истекува на 30. јуни, и од утре тој ќе биде без клуб. Во разговор за БиБиСи, Џо Харт вели дека може уште многу да понуди доколку добие прилика и моли некој клуб кој ќе верува во него.

„Млад сум кога се во прашање голманите. Немам илузии дека ќе ми се јави Реал Мадрид и ќе ми понуди да го наследам Тибо Куртоа. Но знам дека можам многу да понудам. Потребен ми е клуб кој ќе верува во мене и јас ќе се оддолжам за укажаната шанса“ – вели Џо Харт.

Се шпекулира дека шкотски Селтик е заинтересиран за голманот и ќе му понуди договор.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе