По одличната сезона во дресот на Ливерпул

Од Египет пристигнува потврда на гласините: Реал Мадрид го сака Мохамед Салах

Поранешниот репрезентативец на Египет, Ахмед Мидо истакна дека Реал Мадрид го посакува Мохамед Салах и вели дека „Кралевите" ќе имаат голема корист од вештините на неговиот сонародник

Египјанецот има фантастична прва сезона во дресот на Ливерпул, сруши неколку рекорди и со 30 погодоци е прв стрелец во Европа.

Одличните изданија придонесоа името на Мохамед Салах во неколку наврати да се поврзе со Реал Мадрид. На ваквите гласини сега се надоврза Ахмед Мидо, кој соопшти дека „Кралевите“ навистина го посауваат неговиот сонародник.

„Реал Мадрид го сака Салах” – вели поранешниот фудбалер, кој важеше за голем талент но не успеа поради темпераментот и незгодниот карактер.

„Сите можеме да видиме колку се лоши Бејл и Бензема кога Реал игра 4-4-2. Се плашев дека Салах нема да се снајде во Ливерпул, но сега е подготвен за скок на уште едно повисоко ниво. На „Кралевите“ од голема корист ќе им бидат неговите вештини”.

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе