Дуелот меѓу Катар и Еквадор беше едно од најнеатрактивните отворања на Светското првенство, па вистинските мундијалски возбудувања започнуваат денеска.
Поради тоа што синоќа се одигра мечот меѓу Катар и Еквадор, денеска на програмата се три дуели, а од утре ќе има по четири натпревари дневно.
Денот започнува со мечот меѓу Англија и Иран кои играат од 14 часот. Англичаните се апсолутен фаворит на овој дуел, селекторот Саутгејт за првиот меч на Мундијалот нема да може да смета на Медисон и Вокер кои се уште не се 100 проценти фит.
Од 17 часот е дуелот меѓу Сенегал и Холандија. Сенагалците на ова Светско првенство се без својата главна ѕвезда, Садио Мане и тоа ќе биде голем хендикеп за нив. Холандија денешниот меч ќе го игра без Мемфис Депај кој се уште не е опоравен од повредата.
Денот ќе заврши со дуел меѓу САД и Велс, тој натпревар почнува од 20 часот. Американците кои имаат постојан напредок во изминатите години, ќе се соочат против селекцијата каде главна ѕвезда е Герет Бејл. За разлика од првите два меча, тука нема очигледен фаворит.