СП 2018

Од бунтот на фудбалерите на Аргентина најмногу настрада Агуеро

Незадоволството на фудбалерите од тактиките и изборот на Хорхе Сампаоли придонесе да има големи промени против Нигерија, најмногу настрада Серхио Агуеро

По понижувачкиот пораз од Хрватска, настана хаос во соблекувалната на „Гаучосите“. Се шпекулираше дека играчите направиле бунт, побарале Хорхе Сампаоли да добие отказ, а наводно дури договориле и сопствен тренинг распоред како и старниот состав за дуелот со Нигерија.

Ваквите информации беа категорично негирани, но се чини дека селекторот ја загуби контролата. Последните информации велат дека дел од барањата на фудбалерите ќе бидат исполнети, и наместо формација со тројца централни дефанзивци и два офанзивни бека, Аргентина ќе настап во формација 4-3-3 во која играчите се чувствуваат покомфорно.

Исто така, во составот ќе има голем број на промени. Ќе нема место ва Кабаљеро по неговиот голем кикс против Хрватска, а на клупата ќе се пресели и Агуеро.

За дуелот со „Супер орлите“ кој ќе ја решава судбината на Аргентина во Русија се најавува следниот состав: Армани, Салвио, Меркадо, Отаменди, Таљафико, Енцо Перез, Маскерано, Банега, Меси, Игуаин, Ди Марија.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе