Македонецот синоќа направи трансфер во Јувентус вреден 44 милиони евра

Од Аталанта се пофалија: Продажбата на Кулушевски ни донесе огромен профит, го купивме за само 100.000 евра!

Спортскиот директор на Аталанта, Џовани Сартори открива дека тие одвоиле само 100.000 евра за да го донесат Дејан Кулушевски кој синоќа направи богат трансфер во Јувентус вреден 35 милиони евра, плус додатни 9 милиони евра во бонуси.

Зимскиот преоден рок во Италија започна со голема зделка, Јувентус го купи талентираниот Дејан Кулушевски. Македонецот, кој реши да ги брани боите на Шведска, потпиша за „бјанконерите“ во трансфер вреден 35 милиони евра, плус додатни 9 милиони евра во бонуси.

Офанзивниот фудбалер го привлече вниманието со одличните настапи во дресот на Парма оваа сезона, но Аталанта е клубот кој добро ќе се офајди од зделката.

„Плативме помалку од 200.000 евра за него, ако веќе треба да кажам точна бројка, плативме половина од сумата која ја споменав предмалку“ – вели гордо спортскиот директор на Аталанта, Џовани Сартори во разговор со Кориере дело Спорт.

„Зделката им одговара на сите страни, на нас, на Јувентус, на Дејан. Одигра 17 натпревари во Серија А за Парма и неговиот прогрес е импресивен“.

„Во април ќе наполни 20 години и се уште може многу да напредне. Може да стане топ играч. Ќе биде многу позрел кога ќе почне да игра во Јувентус од следната сезона“.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе