Фенербахче

Обрадовиќ си замина од Фенербахче

Легендарниот Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Фенербахче, српскиот стратег сака да земе одмор од кошарката. 

Фенербахче потврди дека Жељко Обрадовиќ веќе не е нивни тренер.
 
Клубот од следната сезона ќе има значително намален буџет, а Обрадовиќ како најтрофеен тренер веројатно не сака да работи во клуб кој нема да може да се бори за најголемите титули.
 
„Голема чест ми беше да бидам тренер на голем клуб како Фенербахче. Ова е нов почеток на клубот, а не крај. Сигурен сум дека навивачите ќе продолжат да го подржуваат клубот во овој процес и ќе имаат можност повторно да слават големи успеси“, изјави Обрадовиќ.
 
Жељко Обрадовиќ седум години беше тренер на Фенербахче, еднаш ја освои Евролигата тогаш во тимот го имаше и нашиот Перо Антиќ. Четири пати беше шампион на Турција, трипати беше победник во турскиот куп и трипати во турскиот суперкуп.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе