Обновена е тревната површина на Националната арена „Тодор Проески“ (ФОТО)

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, го искористи периодот без фудбал за да ја обнови тревата на Националната арена „Тодор Проески“. 

„Во рамки на генералното реконструирање извадени се чепови за подобра дренажа на теренот, извршено е површно гребење за отстранување на коровот на тревата, пресеан е комплетниот терен со високо квалитетни семиња кои ќе обезбедат тревна подлога по сите светски стандарди, а површината е порамнета и со екстра фин песок и тресет за квалитетна основна подлога .Оваа комплетна реконструкција ќе донесе долгорочен позитивен ефект за формата,издржливоста и квалитетот на тревната површина, и ќе значи коплетна подготвеност на стадионот за претстојниот период кога треба да се одигра домашното фудбалско првенство, како и останатите меѓународните натпревари предвидени за периодот кој следува.Со ова, нашите спортисти ќе имаат беспрекорни услови за игра, како што впрочем им обезбедуваме со години наназад“, се вели во соопштението од АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Македонија.
 
 
 
 
 
 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе