Фудбалерката на ПСЖ е во шок

Објавено како изгледaат нозете на Хамрауи по нападот со метални прачки (ФОТО)

Адвокатот на Кејра Хамрауи објави фотографии од нозете на фудбалерката на ПСЖ која пред десетина дена беше нападната од две маскирани лица, кои ја удирале со метални прачки.

Случајот на Кејра Хамрауи и понатаму е во фокусот на спортската јавност. Фудбалерката на ПСЖ на 4. ноември беше нападната. На враќање од вечерта организирана од ПСЖ, две маскирани лица ја извадиле од автомобилот и со метални прачки ја удирале по нозете.

„Главно целеа кон моите нозе, се обиодв да се заштитам со рацете колку што можам“ – им кажала Кејра Хамрауи на истражителите.

Во прв момент главен осомничен беше нејзината колешка Амината Дјало, која беше приведена и 36 часа испрашувана од полицијата, се сомневаше дека таа го нарачала нападот за да има поголема минутажа.

Откако спортското ривалство беше прешкртано како мотив, полицијата се насочи кон одмазда бидејќи еден од напаѓачите викал, „Сакаш да спиеш со женети мажи?“.

Сега под истрага е поранешниот играч на Барселона, Ерик Абидал или поточно неговата сопруга. Се верува дека Кејра Хамрауи била во врска со Ерик Абидал кога тој беше спортски директор на „каталонците“ а таа настапуваше на Камп Ноу во периодот од 2018 до 2020 година.

Во меѓувреме, адвокатот на Кејра Хамрауи изјави дека фудбалерката на ПСЖ се уште е во шок и објави како изгледаат нејзините нозе, можат да се видат големи модрици и длабока исекотина.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе