Фудбалерот за прв пат во својата кариера доби директен црвен картон

Објаснето зошто Модриќ поцрвене против Селта, Хрватот прва жртва на новото правило

Лука Модриќ поцрвене попладнево на гостувањето кај Селта Виго, неговото исклучување во прв момент делуваше престрого, но всушност се работи за примена на ново правило кое е имплементирано од оваа сезона во Шпанија.

Лука Модриќ за прв пат во својата кариера доби директен црвен картон. Хрватот попладнево беше исклучен на Балаидос, натпревар кој Реал Мадрид го доби со 1-3.

Хрватот за својот старт во прв момент не доби ниту жолт картон, но по реакција од ВАР собата, судијата повторно ја погледна целата ситуација и се реши за најстрога казна.

Многумина сметаат дека одлуката е престрога и неправедна, но всушност Лука Модриќ е прва жртва на ново правило кое е имплементирано во Шпанија оваа сезона.

Судиите имаат насоки да не толерираат стартови од зад грб во пределот на Ахиловата тетива, и за ваков прекршок мора да се покаже црвен. Идеата е фудбалерите да се заштитат од сериозни повреди.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе