Избраниците на Артета прокнижија нови три бода, вечерва на Емирати со 3-0 го совладаа Њукасл. Гостите прикажаа премалку и беше само прашање на време кога ќе капитулираат.
Откако Обамејанг промаши зицер по 15 минути игра, резултатот беше отворен на стартот од вториот дел. Обамејанг доби топка во фор, лесно се ослободи од противникот и биеше прецизно за 1-0.
Десет минути подоцна беше 2-0, Смит Роу му асистираше на Сака, кој од 11 метри рутински биеше по земја за дуплирање на предноста.
Сите дилеми беа решени во 77. минута, Обамејанг доби топка од Седрик и по втор пат ја затресе мрежата на гостите.
Со оваа победа, Арсенал скокне во горната половина на табелата и успеа за прв пат по 2009 да врзе 5 натпревари без примен гол.