Непријатност за ѕвездата на Арсенал

Обамејанг и неговите соиграчи од репрезентацијата морале на под да спијат

Пјер Емирик Обамејанг и неговите соиграчи од репрезентацијата на Габон, поради административни проблеми биле заглавени долго на аеродромот во Гамбија поради што морале да преспијат на под. 

Обамејанг преку социјалните мрежи го искажа својот бес кон Африканската фудбалска конфедерација. Габонската експедиција морала да чека со саати за да го напушти аеродромот поради административен проблем. Не им било дозволено да заминат до утрото поради што морале да спијат на под. Дури по интервенција од властите биле пуштени.
 
Добра работа КАФ (Африканска фудбалска конфедерација), чувството е како да сме се вратиле во деведесетите“, напиша Обамејанг на твитер.
 
„Ова нема да не демотивира нас, но луѓето треба да знаат дека КАФ треба да превземе одговорност. 2020 е и ние сакаме Африка да напредува но ова не е пример како треба да одиме напред“.
 
Габон е на првото место во групата со три бода пред Гамбија, првите две селекции од групите одат на Африканскиот куп на нации. За Гамбија ова би било деби учество доколку ја задржат позицијата.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе