Габонецот, кој оваа недела стана играчот кој најбрзо постигнал 50 погодока во Премиерлигата за Арсенал, ја одработува последната година од договорот со „топчиите“.
За неговата иднина имам многу гласини, а последните информации велат дека Пјер Емерик Обамејанг ги одредил условите за останување на Емирати.
ЕСПН пренесува дека напаѓачот побарал тригодишен договор и примања од 250.000 фунти неделно.
Во моментов, платата на Пјер Емерик Обамејанг е нешто помалку од 200.000 фунти неделно, па „топчиите“ се на потег и треба да одберат дали ќе му дадат 20% покачување или пак ќе се разделат ова лето.