Ги насмеа сите

Ново шоу на Клоп на средбата со новинарите: Добив маса во полн ресторан на Ибица поради тоа што го победив Реал Мадрид!

Јирген Клоп на Камп Ноу откри анегдота поврзана со лутиот ривал на Барселона и вели дека на Ибица добил маса во полн ресторан само поради тоа што го победил Реал Мадрид.

„Црвените“ вечерва гостуваат на Камп Ноу во полуфиналето од Лигата на шампионите па Јирген Клоп денеска се појави пред медиумите во прес центарот на Камп Ноу.

Барселона има одлична сезона, и Германецот беше запрашан дали ова му е најтешкиот противник во Европа до сега а тој имаше ново шоу и раскажа анегдота поврзана со лутиот ривал на „каталонците“.

„Не знам дали ми е дозволено да го кажам ова тука, но дуелите со Реал Мадрид воопшто не беа лесни. Но поради тоа што го имам победено Реал неколку пати, еден ден добив маса во полн ресторан на Ибица. Kога тие сфатија кој сум, ми рекоа, „Јирген Клоп, го победи Реал Мадрид! Влегувај“. Ниту со Баерн не беше лесно. Но секако, кога играте против Барселона, тоа е еден од најтешките натпревари. Сепак, и дуел\ите со Манчестер Сити во Премиерлигата не се прошетка во паркот“ – вели Јирген Клоп. 

„Не е возможно да се биде перфектен во ваков натпревар, сигурно ќе направиме грешки. Дали ќе страдаме? Ох да, 100%. Дали ќе ни се укаже некоја шанса? Секако, и се надевам дека ќе ги искористиме сите прилики“. 

„Знам дека луѓето велат дека оваа Барселона не е онаа старата Барселона сега кога Чави и Иниеста повеќе не се дел од составот, но тие се брилијантен тим. Ова е нашата втора година на ова ниво. Тие се тука 20 години“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе