Куп на Шпанија

Ново разочарување за Барселона, Валенсија го освои Купот на Шпанија! (ВИДЕО)

Валенсија со 2-1 ја победи Барселона на „Бенито Виљамарин“ во Севиља и го освои Купот на Шпанија, нов неуспех за тимот на Валверде оваа сезона.

Валенсија го освои Купот на Шпанија откако во финалето беше подобра од Барселона. Ново разочарување за фановите на каталонскиот гигант оваа сезона.
 
По сензационалната елиминација од Ливерпул во Лигата на шампионите, Барселона успеа да го загуби и шпанскиот куп. Многумина прстот го вперуваат во Ернесто Валверде но раководството му даваше поддршка, останува да видиме што ќе се случува од утре.
 
На стадионот на Бетис во Севиља, Валенсија поведе уште во 21. минута со еден убав гол на Гамеиро. Десетина минути подоцна по центаршут на Солер, Родриго со глава зголеми на 2-0.
 
Барселона долго се мачеше да се врати во игра, тоа конечно се случи во 73. минута кога Меси начека една одбиена топка и постигна гол за 2-1.
 
Каталонците со сите сили се обидуваа да дојдат до изедначување, а во судиското продолжение од пет минути Валенсија пропушти три неверојатни шанси, кои сепак не ја чинеа скапо. 
 
На крајот Валенсија се радува на трофејот од Купот на Шпанија, а раководството на Барселона ќе биде под притисок и од медиумите и од фановите кои сигурно ќе ја бараат „главата“ на Валверде.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе