Четири погодока, шанси, битка и возбуда до самиот крај

Ново дерби на Северен Лондон за уживање, Арсенал и Тотнем ги поделија бодовите (ВИДЕО)

Возбудлово реми на Емирати во последниот натпревар од 4. коло во Премиерлигата, Тотнем имаше предност од два гола но Арсенал се избори за реми и поделба на бовите.

Уште една пресметка помеѓу Арсенал и Тотнем донесе вистинско уживање за фудбалските љубители. Гостите имаа водство од 0-2, Арсенал се врати во игра и потоа двете екипи имаа свои шанси да ги однесат трите бода.

Резултатот беше отворен по десет минути игра, „спарси“ тргнаа во контра, Лено го одбрани ударот на Ламела, но до одбиената топка прв стигна Ериксен и Данецот погоди за 0-1.

Во 40. минута следеше нов студен туш на Емирати, судијата покажа на белата точка а Кејн беше сигурен реализатор на најстрогата казна за 0-2.

Сепак, Арсенал успеа да постигне еден гол пред крајот на првиот дел. Лаказет одлично се снајде и биеше неодбранливо за 1-2.

„Топчиите“ потоа во воторото продолжение притиснаа и во 71. минута стигнаа до изедначување преку Обамејанг. Домаќините и по трет пат ја затресоа мрежата, Сократис мислеше дека донесе комплетен пресврт, но голот беше поништен поради офсајд.

До крајот на мечот и двата тима имаа свои прилики, но мрежите мируваа и бодовите беа поделени.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе