Веднаш го ставија на „тапет“

Новиот тренер на Реал пред десетина дена го величеше Меси: Тој е најдобар, тешко да видиме друг како него

Хулен Лопетеги очигледно ќе треба да „гасне пожари" откако ќе седне на кормилото на Реал Мадрид, стратегот пред десетина дена излезе со коментари кои сигурно нема да им се допаднат на Кристијано Роналдо и „Кралевите"

Актуелниот шампион на Европа денеска го откри името на наследникот на Зинедин Зидан и на големо изненадување соопшти дека тоа ќе биде Хулен Лопетеги, селекторот на Шпанија речиси во ниту еден медиум не беше споменат како опција за Реал Мадрид.

Неколку часа по соопштувањето на веста, стратегот веднаш се најде на „тапет“ поради изјавите дадени пред десетина дена кога го величеше Лео Меси, лутиот ривал на Кристијано Роналдо.

„Лео Меси е најдобриот фудбалер кој сум го сретнал, тешко дека ќе видиме друг како него. Никој не правел толку голема разлика и толку конзистентно и во различни сценарија. Задоволство е да се гледа Меси. Според мене тој е најдобриот во историјата“ - рече Хулен Лопетеги.

Ваквите изјави сигурно нема да им се допаднат на Кристијано Роналдо и „Кралевите“, па Хулен Лопетеги ќе треба да га „гасне пожари“ веднаш откако ќе го превзеде кормилото на Сантијаго Бернабеу.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе