Клубот е во центарот на вниманието поради погрешни причини

Новиот премиерлигаш Шефилд јунајтед е финансиран од роднина на Осама Бин Ладен!

Роднина на поранешниот прв човек на терористичката организација Ал Каеда, Осама Бин Ладен префрлил 3 милиони фунти на сметка на новиот премиерлигаш Шефилд јунајтед, вакви информации беа обелоденети за време на судскиот процес кој се води во Лондон.

Шефилд јунајтед изминатиов период е во фокусот на медиумите откако избори пласман во Премиерлигата и по 12 години се враќаат во елитата.

Но денеска клубот се најде во центарот на вниманието поради погрешни причини. Пред судот во Лондон се води процес во кој ко-сопствениците се борат за превласт.

Од една страна е бизнисменот од Шефилд, Кевин Меккејб а од друга е Принцот Абдула Бин Муса’ад Бин Абдулазиз Ал Суад, член на кралското семејство на Саудиска Арабија.

На четвртиот ден од процесот беше откриено дека на сметка на клубот биле префрлени 3 милиони фунти од страна на роднина на Осама Бин Ладен, поранешниот прв човек на терористичката организација Ал Каеда.

Пред судот како доказ бела посочена и и-мејл преписка помеѓу господинот МекКејб и неговиот бизнис партнер Џереми Татон (кој од 2017 е член на бордот на директори на Шефилд јунајтед).

Во еден мејл се споменува дека ќе биде лошо доколку на насловната страна на весникот Шефилд Стар се појави сторија „Шефилд јунајтед пере пари на екстремистите“.

МекКејб се правдал дека ова било само шега, но адвокатот на Принцот Абдула потенцирал дека ко-сопственикот знаел од каде доаѓаат парите.

Семејството Бин Ладен е едно од најбогатите во Саудиска Арабија, имотот е стекнат преку бизнис со градежништво. Тие се имаат откажано од Осама и го имаат исклучено од семејниот бизник во 1994 година.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе