Аргентинецот сака нов предизвик

Новинарот кој го откри трансферот на Нејмар во ПСЖ, тврди дека Меси сака да си оди од Барса

Лео Меси му соопштил на раководството на Барселона дека сака ова лето да го напушти клубот и да се пресели во нова средина. 

Поразот од 8-2 се чини дека ја прели чашата и кај Лео Меси кој е подготвен конечно да ја напушти Барселона и да побара нов предизвик.
 
Новинарот Марсело Бечлер, за Еспорте Интеративо тврди дека Меси веќе ја донел одлуката и му соопштил на раководството не сака да чека веќе, овоа лето има намера да замине од Барселона.
 
Марсело Бечлер беше новинарот кој прв соопшти дека Нејмар ќе направи трансфер од Барселона во ПСЖ.
 
Се шекулира дека Интер е најблиску до потписот на Меси, има информации дека фудбалерот и неговиот татко веќе купиле куќи во Милано.
 
Како опција се споменува и Манчестер Сити, повторно обединување меѓу Гвардиола и Меси.
 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе