Велшанецот синоќа летна за Лондон

Новинарите го сардисаа Зидан со прашања за Бејл, тој порача: Не можам да кажам што се случува со него

Герет Бејл беше главна тема на денешната прес конференција на Зинедин Зидан, новинарите го сардисаа стратегот со прашања за Велшанецот и неговата иднина на во Мадрид.

Герет Бејл е во фокусот на вниманието откако играчот синоќа летна за Лондон, а медиумите почнаа да шпекулираат за трансфер веќе во јануари. Утрово тој беше уловен како влегува во канцелариите на неговиот агент, па кога Зинедин Зидан попладнево се појави на прес, новинарите го сардисаа со прашања за ситуацијата на Велшанецот и му поставија десетина.

„Многу работи се кажаа и се напишаа, јас можам само да речам дека имам добар однос со него. Доколку не е во составот, има причина за тоа. Кога е 100% фит и подготвен за настап, знаеме каков играч е и што може да понуди“ – вели тренерот на Реал.

„Замина за Лондон поради лични работи, доби дозвола од клубот. Нема никаква приказна. Замина бидејќи не може да игра... Разговараше со клубот, не можам да кажам што се случува, се работи за лични работи и затоа доби дозвола од клубот“.

„Никогаш не ми кажал дека сака да замине. Кога може да тренира, тренира и кога може да игра, игра. Оваа сезона има голема минутажа“.

Во моментов Герет Бејл се мачи со повреда заработена со репрезентацијата, но точната дијагноза не е позната откако играчот му забрани на Реал Мадрид да испрати соопштение со деталите од лекарските прегледи.

Тој во Лондон имал средба и со докторот на Валес, па Зидан беше запрашан дали гледа нешто спорно во сето ова.

„Не знаев дека се видел со докторот на Велс. Може да прави што сака и да се гледа со кого сака. Не знам зошто бил со докторот на Велс“.

За шпекулациите дека преселба во Кина е одново на агендата, Зидан вели: „Мислам дека нема да пристигне понуда. Бејл е играч на Реал но секако дека ќе има шпекулации. Ќе сметам на него кога ќе биде подготвен за настап. Сите се среќни со Бејл.“

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе