Французинот сака да игра во Премиерлигата

Новинар од „островото“ открива: Мбапе има симпатии кон Манчестер јунајтед но сака да игра за Ливерпул

Новинарот Данкан Каслс вели дека Килијан Мбапе сака да се пресели во Премиерлигата, на Французинот му се допаѓа Манчестер јунајтед но преферира да се пресели во Ливерпул и да соработува со Јирген Клоп.

Често се пишува за иднината на Килијан Мбапе, напаѓачот е под договор со ПСЖ до јуни 2022, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место и доколку не биде постигнат компромис, „светците“ ќе мора да го продадат летоска.

Реал Мадрид се посочува како прв фаворит за неговиот потпис но новинарот Данкан Касл вели дека има уште неколку клубови во игра.

„Во следната етапа од својата кариера, Килијан Мбапе сака да игра во Премиерлигата или во Ла Лига. Моите извори велат дека преферира да игра за Ливерпул доколку се пресели во Премиерлигата. Му се допаѓа Манчестер јунајтед како клуб, но преферира да работи под водство на Јирген Клоп и да игра за Ливерпул“ - вели Каслс.

„Што се однесува до Ла Лига, опции се Барселона и Реал Мадрид. Барса има многу финансиски проблеми и зделката воопшто не е лесна, а Реал се обидува да го ангажира уште од времето кога беше играч на Монако“.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе