Клубовите биле известени оваа недела

Нови правила во Англија до крајот на сезоната поради контроверзниот гол на Сити против Астон Вила

Премиерлигата и ЕФЛ ги известиле клубовите дека се дадени нови насоки за толкување на офсајд правилото по контроверзниот гол на Манчестер Сити против Астон Вила.

Минатата недела, Манчестер Сити со 2-0 ја совлада Астон Вила во контроверзен меч. Домаќините поведоа под сомнителни околности, Родри беше длабоко во офсајд кога се активираше и му ја одзеде топката на Тајронг Мингс и го проигра Силва за водство на „граѓаните“.

Гостите реагираа бурно, тренерот на Астон Вила беснееше крај аут линијата и беше исклучен поради жестоките протести.

Судиите сметаа дека започнала нова акција кога Мингс доброволно ја смирил топката, но многумина веруваат дека Родри се стекал со нефер предност и голот морал да биде поништен.

За да се избегне нова контроверзија, дадени се нови насоки за толкување на правилото за офсајд, па вакви голови во иднина нема да важат и ќе бидат поништени. Премиерлигата и ЕФЛ ги известиле сите 91 професионални клубови за промените кои ќе важат во продолжението од домашните натпреварувања.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе