Утрово, францускиот весник Л’Екип објави дека фондот Елиот преговара со Инвесткопр за продажба на Милан.
Попладнево истото ова го потврдија и Блумберг и Ројтерс, фондот од Бахреин води ексклузивни преговори за купување на „росонерите“.
Инвесткорп, Елиот и Милан одбиваат да го коментираат гласините, но извори блиски до зделката за Ројтерс велат дека двете страни се блиску до договор.
Се шпекулира дека Инвесткорп ќе плати 1 милијарда евра за да стане нов сопственик на Милан.