Полицијата има прислушкувани разговори

Нови детали од скандалот: Суарез мора да положи, има плата од 10 милиони евра

Медиумите од Италија откриваат детали од скандалот во кој е вмешан Луис Суарез и полагањето на тестот за италијански пасош, на еден прислушкуван разговор се слуша дека Уругваецот мора да положи бидејќи има годишна плата од 10 милиони евра.

Денеска беше објавено за голем скандал, Луис Суарез мамел на тестот за италијански пасош, Уругваецот предвреме ги добил прашањата и одговорите.

Медиумите од Италија сега откриваат нови детали. Од прислушкуваните разговори на полицијата се слуша дека напаѓачот мора да положи бидејќи го чека договор од 10 милиони евра по сезона (медиумите шпекулираа дека за ваква сума фудбалерот си подал рака со Јувентус).

„Мора да положи, не можеме да му упропастиме плата од 10 милиони евра по сезона бидејќи нема Б1 (ниво на познавање на италијански јазик)“ – е разговор помеѓу две лица од испитниот центар.

На друг разговор се слуша: „Кажи ми што оцени да му ставам, и ќе му ставам“. Следува одговор: „Стави 3 секаде, синоќа разговарав со ректорот и тој се сложи со ова“.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе