Бразилецот сака да замине од ПСЖ

Нова трансфер бомба од Торино?! Таткото на Нејмар ќе се сретне со спортскиот директор на Јувентус

Во Торино ќе има средба помеѓу таткото на Нејмар и спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ова го пренесе новинарот на Раи Спорт, Паоло Паганини.

„Старата дама“ минатото лето реализираше трансфер бомба и го донесе Кристијано Роналдо во своите редови за рекордни 112 милиони евра. Јувентус сега е пред комлетирање на уште една голема зделка и ангажман на перспективниот Матајс де Лихт за 75 милиони евра.

На листата со желби има уште неколку звучни имиња како Мауро Икарди и Пол Погба, а денеска се појавија гласини и за можен трансфер на Нејмар.

Бразилецот сака да го напушти ПСЖ ова лето и да се врати во Барселона, но една ваква зделка во моментов изгледа прилично комплицирана. Па затоа Нејмар е понуден на уште неколку клубови како Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и Јувентус.

Според новинарот Паоло Паганини, кој работи како трансфер експерт за Раи Спорт, наскоро во Торино ќе има средба помеѓу таткото на Нејмар и спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи.

Останува да се види дали Јувентус ќе може да изрежира уште една трансфер бомба, а судејќи по она како работи „старата дама“ на пазарот, се е можно.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе