Како одминува првенството, Шкупи станува се подоминантен, така изгледаше денеска на мечот со Брегалница.
За резултатот е виновен и голманот Кристијан Наумовски кој одбрани пенал и уште неколку убави шанси за штипјани.
Одлчен беше и Матеј Цветановски кој даде два гола, имаше и една асистенција, по еднаш погодија Фреди Аалварез, Абдул Руатубјаје и Сандеј Адетуњи.
Шкупи сега има осум бода пред Ренова и Академија Пандев кои допрва треба да ги играат своите натпревари.
Утре на програмата се дуелите: Борец - Работнички, Скопје - Ренова, Пелистер - Македонија ЃП, Шкендија - Тиквеш и Струга ТЛ - Академија Пандев.