Запнаа преговорите Вембли да биде домаќин

Нова алтернатива за финалето од Лигата на шампиони, Челси и Манчестер Сити ќе играат во Португалија?

Владата на Велика Британија и УЕФА не успеале да најдат заеднички јазик за финалето од Лигата на шампиони да се игра на Вембли, медиумите шпекулираат дека алтернатива сега е Португалија.

Финалето од Лигата на шампиони треба да се игра во Истанбул, но минатата недела Турција се најде на црвената листа на Велика Британија поради големиот број на позитивни случаи на ковид-19 и ваквата одлука ги поремети плановите.

Веднаш беше понудено Вембли да биде домаќин на дуелот помеѓу Челси и Манчестер Сити, па денеска имаше средба помеѓу претставници на УЕФА и Владата на Велика Британија.

Медиумите од „островото“ сега пишуваат дека има одредени недоразбирања помеѓу двете страни. Според сегашните насоки, на Вембли ќе може да има само 10.000 гледачи додека пак УЕФА инсистира на бројка од околу 25.000 навивачи.

Не може да се најде компромис ниту за карантинот, УЕФА бара отстапки од правилата за персоналот, медиумите, спонзорите и ВИП гостите но Владата на Велика Британија се противи на ова.

Утре ќе има нова рунда преговори и се очекува до среда да се знае градот домаќин. Голем број на извори пишуваат дека лесно може да се случи Португалија да го организира финалето. Оваа земја нема ристрикции за посетителите од странство и е на зелената листа на Велика Британија па фановите ќе можат да приствуваат на натпреварот без да одат во карантин.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе