Лига Европа квалификации

Нов срам за Шкендија, македонскиот шампион не може да победи ниту тим од Луксембург!

Само една недела по срамната елиминација од Номе Каљу, Шкендија доживеа нова бламажа, овој пат во Скопје загуби со 2-1 од Дуделанж.

Каков е македонскиот фудбал уште еднаш ни потврди Шкендија. Тие се далеку пред сите во нашето првенство а губат од тимови од Естонија и Луксембург.
 
Ќатип Османи направи неколку промени во тимот во однос на составот кој настапи против Номе Каљу, но тоа наместо да отиде во позитивна насока, донесе уште поголем срам.
 
Шкендија поведе уште во седмата минута со гол на пенал на Агим Ибраими. Интересно тетовскиот тим оваа сезона постигна три гола досега, и сите од белата точка.
 
На местото од Дино Захов, овој пат голот го чуваше Беким Реџепи и практично тој беше виновникот за поразот на Шкендија.
 
Во 64. минута лошо реагираше, излета, а топката дојде до Бетаиеб кој ја смести во мрежата на Шкендија за изедначување на 1-1. Само четири минути подоцна тој направи пенал кој го реализираше Синани за комплетен пресврт и водство на Дуделанж од 2-1.
 
Шкендија се уште има шанси да го обели образот во Луксембург, но ако вакаа играат не им се пишува добро.
 
Досегашниот настап на македонските екипи во Европа оваа сезона е повеќе од очаен.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе