Очигледно дека поразот од Македонија имаше силно влијание врз грузиските фудбалери кои денеска го загубија и мечот против Ерменија.
Ерменцит победија со 2-1. Резултатот го отвори Газаријан во 33. минута, по 20 минути игра во второто полувреме Грузија изедначи со гол на Вако од пенал, а победата за гостите ја донесе Адамјан на четири минути до крајот на мечот.
Овој резултат и одговара на Македонија. Во среда ни е потребен само бод на дуелот со Ерменија кој се игра во Кипар за да го освоиме првото место во групата и да се пласираме во Лига Б.
По пет одиграни кола Македонија е прва со девет бода, Ерменија е втора со осум, Грузија е на третото место со шест, Естонија е последна со само два.