Фудбалерот можеби бил мртов пред да се урне авионот

Нов момент во истрагата за смртта на Сала, во крвта на Аргентинецот имало фатално количество јаглерод моноксид

Медиумите од Англија пренесуваат дека истрагата за авионската несреќа и смртта на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон донела нови детали, во крвта на Аргентинецот имало фатално количество јаглерод моноксид.

Фудбалерот на Кардиф трагично го загуби животот кога авионот со кој леташе од Нант за Велс се урна во Англискиот канал на почетокот од годинава. Медиумите од Англија сега пишуваат дека има нови детали за авионската несреќа на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон. 

Токсиколошката анализа покажала дека во крвта на напаѓачот имало високо количество јаглерод моноксид, односно 58%, и вакво ниво може да предизвика губење на свеста, мозочен удар или срцев удар. Кога кај здрава личност има над 50% јаглерод моноксид, често може да биде и фатално. 

Од оделот за истражување авионски несреќи (ААИБ) веруваат дека и пилотот Дејвид Иботсон бил изложен на јаглерод моноксид, и во зависност колкаво количесто гас имало во неговиот систем, тој можел да бил зашеметен, онесвестен или пак мртов. Телото на Дејвид Иботсон никогаш не беше пронајдено, па не може да се провери оваа теорија. 

Сепак, истражителите ќе мора да спроведат детална истрага за тоа како јаглерод моноксид се нашол во кабината на авионот.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе